Музика на кирилица

Софија Манева се враќа на сцената со нов албум

Софија Манева повикува на колективно будење против колективно труење. Со комплетно нова приказна и албум, Софија Манева се враќа на македонската музичка сцена. Со песната “Тишина” од истоимениот албум Софија ја опишува состојбата на нашата сцена и повикува на колективно будење против колективното труење со турбо фолк.

Текстовите на песните се инспирирани од раскажани случни, чувства и убедувања на Софија Манева, па затоа секоја песна си носи своја приказна која треба да допре до срцето на слушателот.

Софија на македонската публика и стана позната по хитот “Љубов или нешто друго” кој го издаде во 2008-ма година, но врвот во својата кариера го доживеа пред неколку години кога јавно ја нападна вулгарноста на раперите со песната “Лигав тип”.

Видео записот за оваа песна всушност претставуваше промотивно видео за правата на жените. Песните “Тишина” и “Чудовиште” можете да ги слушнете на официјалниот YouTube канал на Софија Манева: www.youtube.com/SofijaManevaTV

Подготви: Ивана Поповска

Можеби ќе ве интересира: