Балканленд

Ексклузивно: Македонското девојче Каролина Гочева дел од “Пивофест 2016”

Специјализираниот македонски музички портал Музика24 од официјални извори дознава дека освен познатата балканска фолк ѕвезда Аца Лукас, за кој што веќе пишувавме, на овогодинешното 14-то издание на Фестивалот на скарата и пивото во Прилеп ќе настапи и познатата македонска поп пејачка Каролина Гочева. Гочева досега имаше многубројни концерти, како во Скопје, така и низ Македонија, а зад себе има голем број на познати хитови, како и двата последно издадени албуми “Македонско девојче” кои што привлекоа големо внимание како кај македонската, така и кај балканската публика. Сите нејзини големи хитови ќе можеме да ги слушнеме на нејзиниот неколкучасовен концерт планиран за оваа голема музичко-забавна манифестација.

Slika_Pivofest naskoro

“Пивофест 2016” започнува од 14-ти јули и ќе трае до 17-ти кога е предвидено и официјалното затворање на овогодинешното пиво фест издание. Се уште официјалната програма се држи во најстрога тајност, но како што дознава Музика24, оваа година општина Прилеп подготвува вистинско музичко изненадување за сите присутни и секако одлична забава и расположение за целовреметраење на фестивалот.

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: