Во прв ред

Изминатиот викенд Охрид ечеше од традиционална македонска и балканска музика

Изминатиот викенд Охрид беше местото каде што се случуваше традиционалниот 12-ти по ред “Бал­кан­ски му­зич­ки плош­тад” во ор­га­ни­за­ци­ја на продуцентската куќа “Тре­то уво”. Фестивалот имаше чест да го отвори вир­ту­о­зот на хар­мо­ни­ка Го­ран Алач­ки кој што изведувајќи традиционални македонски композиции со неговите хармоники позитивно ги изненади и вчудоневиди присутните. Тој ги засвире и познатите Гораново оро, Пајдушкото… и многу други познати на македонската публика. Тој од сцената беше испратен со голем громогласен аплаус.

Веднаш по него настапи гру­пата “Зла­то­пис” од соседна Србија  на че­ло со ро­ке­рот Љу­ба Нин­ко­виќ кои што изведе интересени композиции од Македонија, Србија и останатите балкански земји. Втората вечер, односно во саботата на 10-ти август на сцената на античкиот театар настапи македонската група “Ла Ко­ло­ни Вол­вокс” предводена од Сашо Гигов – Гиш кои што изведе традиционални македонски песни и песни од Балканот и пошироко, а веднаш по нив пристутните уживаа во музиката на единствената група од Балканот која што оваа година влезе во финалето на Евровизија, а станува збор за грчката група “Ко­за Мос­тра” која што со својот карактеристичен брз ритам изведе повеќе песни. На нивната интересна и брза музика повеќето од пристутните станаа и заиграа.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: