24 Ексклузивно

Ексклузивно: Неофицијални музички имиња на “Охрид фест” (Видео)

Се ближи месецот август, а во него Музика24 освен за “Струмица опен фест” малку повеќе ќе Ве информира и за овогодинешното издание на летниот музички фестивал “Охрид фест”. А веќе кога станува збор за овој познат летен фестивал, како кај нас така и низ Балканот, Музика24 неофицијално дознава дека оваа година на “Охрид фест” ќе настапат доста еминентни, познати и докажани музички имиња од македонската музичка естрада, но и од околните балкански држави.

Па така, неофицијално, на сцената во фолк вечерта ќе имаме можност да ја видиме Елена Велевска која неодамна го доби своето трето дете и ова ќе биде нејзин прв настап по породувањето, познатата Блага Петревска која по долги години повторно се појавува на некој музички фестивал како и Благица Павловска која со познатите хитови некогаш жареше и палеше низ Македонија. А тука неизбежно е и да се споменат музичките имиња кои ни доаѓаат на гости, меѓу кои, неофицијално како што дознаваме, на интернационалната вечер на сцената ќе имаме можност да ги слушнеме Бојан Бјелиќ, Марко Прентиќ, познатиот бугарски рапер Устата, Ивана Банфиќ… и да не откриваме се, сепак за не повеќе од дваесетина дена официјално ќе ги видите сите изведувачи на фестивалската сцена на “Охрид фест”.

И како за мотивација повеќе за присуство на “Охрид фест” во продолжение погледнете го и слушнете како рапува познатиот Устата и неговиот хит од 2011-та “Мале, мале”.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: